Генералниот директор на СЗО предупреди дека расте бројот на деца под пет години со акутна неухранетост, а опасноста од глад станува критична
Во текот на јули, во Газа е регистриран највисок месечен број на случаи на акутна неухранетост кај децата. Објави Светската здравствена организација (СЗО).
Организацијата предупреди на зголемен број смртни случаи поврзани со глад во палестинската енклава. Според СЗО, состојбата е алармантна и бара итна реакција.
„Во јули, кај речиси 12.000 деца под петгодишна возраст беше дијагностицирана акутна неухранетост во Газа. Што претставува најголем број случаи забележани во еден месец досега“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.
Тој зборуваше на прес-конференција од седиштето на Светската здравствена организација во Женева.
СЗО и претходно предупредуваше за критичната хуманитарна состојба во Газа. Но според последните податоци, состојбата со неухранетоста на децата сега достигнува рекордни нивоа.
Организацијата бара непречен пристап за испорака на храна и медицинска помош во погодените зони, особено за најмладите и најранливите категории на население.