– 2022 мора да биде година кога ќе ставиме крај на пандемијата, изјави генералниот директор на СЗО.
Како што се приближуваат прославите на крајот на годината, Гебрејесус призна дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала“.
– Но, за да се вратиме во нормала, треба да се заштитиме сега бидејќи случаите на Омикрон, кој многу брзо се шири, се зголемуваат, истакна тој.
Откако за првпат беше регистриран во Јужна Африка во ноември, Омикрон е идентификуван во десетици земји, што ги урна надежите дека најлошото од пандемијата е зад нас.
И покрај показателите дека не е потешка од варијантата Делта – која се уше е доминантна – Омикрон според раните податоци покажа дека е позаразен и загрижувачки отпорен на вакцини.
Со оглед на тоа што бројот на новозаразени многу брзо се зголемува, Тедрос истакна дека е подобро да се откажат настаните „сега и да се слави подоцна отколку да се слави сега и да се тагува подоцна“.
– Сега треба да се фокусираме на ставање крај на оваа пандемија, нагласи шефот на СЗО.
Тедрос инсистира дека е можно да се запре пандемијата, но рече дека ќе треба да се искористат сите алатки кои асе на располагање, почнувајќи од вакцини до носење маски и физичко растојание.
И можеби најважно, светот треба да стави крај на очигледната нееднаквост во пристапот до вакцини.
– Ако сакаме да ставиме крај на пандемијата во наредната година, мора да ставиме крај на нееднаквоста, нагласи тој.