Мандатарот за составување на влада Димитар Коачевски – Таче, полека ги објавува своите кадровски решенија. Доволно е човек да види само две-три имиња за да му биде јасно дека оваа влада ќе биде трета постава на СДСМ и дека од неа не може да се очекува излез од сериозните економско-политички предизвици кои ги има Македонија. Ова не е тим за влада, ова е тим за спас на Заев!

пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ

Пред воопшто да почнеме да дебатираме за тимот, повторно треба да си го поставиме прашањето: Добро, кој е пак сега овој Таче? Од каде излезе и од каде му е легитимитетот да ни биде премиер?

Нормално, одговорот е дека се работи за политички и бизнис анонимус. Во неговото СИ-ВИ стои дека го раководел секторот за политички поткуп на Македонски Телеком, кој се нарекува нешто како „Стратешки комуникации“, обично тоа се сектори чија дејниост не можат да ви ја објаснат ни тие што работат таму, затоа што единствената намена на истите е да реализираат нечие потплаќање. Понатаму, работел како директор на телеком операторот А1, неколку месеци, да беше квалитетен ќе беше барем година.

Таче е професор на продеавницата за дипломи наречена „Американ Колеџ“ а има дилома од „Харвард испод Ловчена“. Син е на озлогласен градоначалник на СДСМ, кој не направил ништо, ама тоа е доволно за да се стане премиер во кастински систем.

Сума сумарум, Таче (кој претходно беше заменик министер за финансии) ќе дојде на премиерската функција како трета постава на владејачката СДСМ а богами и неговиот тим доаѓа од истото подрачје. Кога ќе го видите името на онаа со скафандерот, која ќе води култура, ви станува појасно дека и трета постава е преценување на овој кадровски потенцијал.

Станува совршено јасно дека не станува збор за тим кој ќе работи на било што, туку за тим кој има една единствена мисија да создаде анархија во Македонија, целосен политички и економски хаос кој ќе помогне да го заборавиме фаталното владеење на неговиот претходник Зоран Заев обележано со милионски корупциски скандали и целосен грабеж.

Самото тоа што Мијалков и Камчев се пуштени од притвор во моментот кога Таче треба да стане премиер и што имаме ладни радијатори е само дел од струмичката итрорија. Итрорија со која поради некадарност ќе се создаде хаос за да се заборави се претходно.

Во меѓувреме, сите ние кои ќе потсетуваме на криминалното владеење на Заев, ќе треба да бидеме претворени во политички маргиналци кои наместо да говорат за актуелностите, говорат и пишуваат за нешто што веќе било.

Бонус:

Многу пред да биде јасно што ќе се слулчува, ја објавив целосната загува од енергетската криза. Тогаш, ме обвинуваа за лажни вести, денес сумата е реалност. Прочитајте – https://lider.mk/okolu-500-milioni-evra-kje-ne-chini-neodgovornosta-na-vasko-kovachevski-od-esm/