Во денешната епизода на Тешки муабети на порталот Инфомакс.мк главна тема беа резултатите и постапката за спроведување на пописот, а нивен гостин беше директорот на ДЗС Апостол Симовски.

Водителите истакнаа дека директорот има изјава дека доколку има повеќе од 100.000 луѓе тој попис не може да биде успешен и прашаа што се случило сега дали значи дека пописот е неуспешен.

“Законот за попис вели дека пописот се спроведува со користење на комбиниран метод, попишување на терен и преземање на податоци од базите на податоци. Тоа е детално опишано во методологијата, може да се преземат податоците од базите на податоци.

Она што намерно одевме и со теренско испитување, не може да се примени целосно бидејќи во земјата нема адресен регистар, има нешто во катастарот за недвижности, да имаат регистар на згради ама не на станови. Сосема е дозволено да се преземат податоци. Никогаш не сме кажале дека има 100.000 непопишани повеќе или помалку. Бојкотот прво важно е колкав е, оваа бројка од 132.000 клучниот проблем е што се уредуваше во многу лош тајминг, тој требаше во април 2020, па април 2021, ама се одржа во септември што е практично лето и голем дел од граѓаните не се во нивните домови. Голем дел се сунчаа по плажите во Грција, Црна Гора, Турција, пандемијата не беше завршена.” – рече Симовски.

Статистичката грешка за која се вели дека е дозволена е +/- 5%, тоа е според методологијата на Еуростат. Сега за овие 132.000 немаме податоци. Можеше друг да даде податоци за етничка припадност, што значи дека сепак се прекршуваат препораките на Еуростат.- објасни Митовски

“Има податоци за се освен за етничка припадност, религија и јазикот што се зборува во домаќинството. Етничката и религиската припадност се чувство и не се документира. Членот од домакинството можел да ги каже податоците за отсутните членови на семејството, тоа е лице што има ваш матичен број и се претпоставува дека има и ваша дозвола.” – објасни Симовски за инфомакс.