Висок израелски функционер потврдил за медиумот „Тајмс оф Израел“ дека Алиреза Тангсири, командант на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, е убиен во напад во иранскиот пристанишен град Бандар Абас. Тангсири важеше за една од најмоќните фигури во иранската воена хиерархија.
Според израелските наводи, токму Тангсири бил главниот стратег одговорен за плановите за затворање на Ормуската Теснина – една од најкритичните точки за светската економија низ која поминува голем дел од глобалниот транспорт на нафта.
Засега нема официјална потврда од Техеран за смртта на командантот, а израелската војска одбива да даде официјален коментар за наводната операција во иранскиот град.
