„Дедо Мраз го прави тоа со векови, тој е професионалец“, рече капетанот во канадската армија Александра Хејдук, портпарол на Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД). Заедничката американско-канадска воена команда, со седиште во воздухопловната база Петерсон во Колорадо Спрингс, е задолжена за следење на воздушната одбрана и издавање воздушни и поморски предупредувања, а од 1955 година нивната пракса во овој период од годината е следење на Дедо Мраз.
Дежурниот ги презел повиците и ги уверил децата дека Дедо Мраз знае за нивните списоци со желби и дека е на пат.
Оваа традиција трае веќе 66 години и стана дел од мисијата на НОРАД, а со воведувањето на интернет оваа соработка продолжи и специјално е отворена една страница за таа цел.
Американската тајна служба, која е одговорна за заштита на претседателот, го обезбедува и Дедо Мраз. Ова се наведува и во соопштението на агенцијата на Твитер, со придружно видео на кое се гледаат агентите кои го подготвуваат за заштита на Дедо Мраз.
Американската јавност може да се увери дека Дедо Мраз безбедно ќе патува од Северниот пол за време на неговата турнеја низ САД“, се вели во соопштението на американската тајна служба.
Во Отава, федералниот министер за транспорт Омар Алгабра објави дека му дозволил на Дедо Мраз да патува низ канадскиот воздушен простор бидејќи имал доказ за вакцинација и негативен тест.