Во 2021 година, со такси превоз биле превезени 19 755 000 патници, од кои 18 213 000 во градскиот, а 1 542 000 во меѓуградскиот превоз, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со 2 109 патнички автомобили опфатени во истражувањето за такси превозот, се изминати вкупно 68 982 000 километри, од кои 62 749 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 6 233 000 километри, соопшти ДЗС.