За таа цел во гимназијата „Ацо Русковски” се реализираше показна вежба за евакуација на вработени и ученици од средното училиште.
-Пожарникарите од ТППЕ, во рамките на своите програмски активности, одржаа тактичка вежба, за евакуација на вработените и учениците во ОСУ „Ацо Русковски” Берово. Вежбата беше спроведена во 3 дела и тоа: Евакуација на вработените и учениците, дојава за пожар во ОСУ „Ацо Русковски” Берово и обука на вработените за ракување со ПП апарат S9 и апарат CO 2, информираше командирот на единицата Сашко Руменовски.
Активноста како што додаде била успешно завршена, а притоа вработените и учениците имале прилика да вежбаат како безбедно да се евакуираат во случај на пожар и друга елементарна непогода во училиштето.
-Ваквите вежби се корисни за вработените во институциите, со цел, да бидат обучени како треба да постапат во случај на елементарна непогода. Со вакви вежби, ТППЕ ќе продолжи и во иднина и во другите установи од државен и приватен сектор, додаде Руменовски.
Во периодот што следи, вработени во ТППЕ Берово, ќе посетуваат обука во Словенија, во повеќе модули за унапредување на работата на територијалната противпожарна единица.