Талат Џафери застана во одбрана на својот син

Т
Македонија 22.02.2023. 20:29

„Во однос на мојот син, не значи дека јас како претседател на Парламентот и како носител на јавна функција, не сум свесен дека сензацијата е многу поголема кога станува збор за членовите на семејството на носителите на функцијата, поточно како што е сега“, вели Џафери.

Антикорупциска не успеа да најде незаконски дејствија против Барлет Џафери затоа што „исчезнаа“ важни документи во Министерството за правда кои потенцијално би го докажале тоа. Тие, сепак, продолжуваат со истрагата за начинот како им биле дадени сертификати за дипломирање на стотици студенти, меѓу кои и за синот на Џафери.

Но, од ВМРО ДПМНЕ се сомневаат дека синот на Талат Џафери добил уверение за правосуден испит само поради неговиот татко и затоа не треба да му се дозволи да стане обвинител, туку напротив судски да се гони. Реагираа и од Движењето БЕСА.

„Политичките партии на власт, СДСМ и ДУИ и понатаму ја заробуваат судската власт. Списокот на судии и обвинители објавен од Академијата за судии и јавни обвинители, јасно сведочи за мисијата и политичката визија на ДУИ. Цело време зборуваме за реформи во правдата, ветинг и независно судство, а единствена грижа им е удобноста на членовите на нивните семејства на важни позиции во правосудните органи“, рече Фатмир Сабриу, Движење БЕСА.

Покрај Барлет Џафери, на списокот се најде и зетот на членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, Илир Јакупи, додека АЛСАТ дознава дека ќерката на Мемети, Леонора Мемети Јакупи, моментално посетува предавања на академијата, па во иднина татко ѝ Иџет Мемети, ќе треба да гласа и да ја оценува нивната работа. Потсетуваме дека довербата на граѓаните во судството во земјава е само 4%.


Останати вести од Македонија

Подкаст

Подкаст