Катарската телевизија Ал Џазира објави дека талибанските бунтовници се приближиле до аеродромот и испукале неколку предупредувачки истрели со цел да ги растераат луѓето кои се собрале таму.
Претходно беа откажани сите комерцијални летови од аеродромот во Кабул, додека на сите авиони на транзитни летови им е препорачано да ја сменат рутата и да не прелетуваат над територијата на Авганистан.
Воените летови, организирани за евакуација на дипломати и цивили од Авганистан, беа обновени утрово, потврди западен безбедносен претставник на аеродромот во Кабул.
Тој, исто така, додаде дека пистата на аеродромот во Кабул, која вчера беше преполна од илјадници луѓе кои очајно сакаат да избегаат од главниот град на Авганистан, сега е без гужви.
Американските сили кои го контролираат овој аеродром вчера ги прекинаа летовите за евакуација поради хаосот што се случи на пистата.