Манекените од авганистанските излози остануваат без својата глава затоа што некој меѓу Талибанците многу се потрудил нив да ги протолкува како статуи, а кај Талибанци не смее да има статуи.

Наредбата е дадена Министерството за пропагирање доблест и спречување пороци, кое манекените ги опишува како „статуи“ и тврди дека тие се обожувани, што е забрането според исламот.

И покрај апелите на сопствениците на продавници дека куклите им се неопходни, од министерството порачале дека „главите на манекените мора да бидат извадени“ и дека ќе има сериозни казни ако се прекрши одлуката.

Еден од аргументите на дуќанџиите е дека низ цел муслимански свет се користат кукли за покажување на облека.

Без разлика како звучи наредбата, таа ништо посебно не ги вознемирува Авганистанците, кои од истото ова министерство беа казнувани со ќотек ако имале кратка брада, или им беа отсекувани раце заради кражба и слични мерки што Талибанците ги сметаат за складно толкување на исламот.