Ако не се внесат Бугарите во преамбулата на уставот, тогаш Македонија ќе влезе во криза, што ќе биде подлабока од оваа криза, во која се наоѓа сега.

Алијансата за Албанците добива важна порака од меѓународните чинители дека тие не претпочитаат да има предвремени парламентарни избори во 2023 година во Македонија. Втората порака на меѓународните чинители е да се помогне да се случат уставните измени и да започнат преговорите со ЕУ.

Затоа Алијансата за Албанците донела одлука во Владата.“ – ова го изјави претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари синоќа во емисијата „Аргумент“ на на Втората програма на албански јазик на Македонската телевизија.