Почитувани верници и почитувани граѓани,

Денес, исламскиот свет го слави празникот Курбан Бајрам.

На овој ден,  да ја подадеме раката на солидарноста правејќи добри дела. Да почнеме од нашите блиски, зрачејќи пошироко во семејството и во општеството, бидејќи овој ден ја има оваа цел. Не потсетува дека секој од нас треба секој ден да се труди да шири милост, простување, разбирање, добрина и мир.

Нека ни е честит и среќен празникот!