Арбен Таравари од коалицијата Вреди, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ДУИ го кренало ВМРО-ДПМНЕ на изборите.
Тој вели дека да имало уште неколку дена кампања, ВМРО-ДПМНЕ би земале над 61 пратеник.
„На ДУИ цел наратив беше кон ВМРО, со тоа го кренаа ВМРО многу, им донесе гласови кај Македонците кои го гласаа ВМРО поради револт кон ДУИ. Да имаше уште неколку денови кампања со ваков наратив ДУИ ќе придонесеше ВМРО да имаат над 61 пратеник“, порача Таравари на ТВ21.