Арбен Таравари тргна во опозиција со полни раце изговори и сомнителни мотиви. Не само што ги предаде гласачите што му дадоа мандат да се бори против корупцијата и 20-годишната хегемонија на ДУИ, туку сега, според последните политички акробации, решил да генерира етнички тензи и поделби  по учебникот на ДУИ.

Бадентер, балансер, спори реформи кон ЕУ? Ајде, молим те, Арбен, дај ни нешто пооригинално!

Таравари до вчера беппе на власт и беше тивок ко глушец во библиотека. Ниту еден збор, ниту една критика, ниту еден твит за „спорите реформи“ или „бадентерот и балансерот“ на седниците. Ама сега, откако ја напушти владата, одеднаш му текна дека сè е катастрофа? Ако беше толку загрижен за ЕУ и реформите, зошто не отвори уста додека беше на власт? Нели е да се бориш од внатре, со моќ и влијание, отколку да лаеш од опозициција?

И ајде да зборуваме за предавството. Граѓаните што гласаа за Таравари и ВЛЕН не гласаа само за него, туку за ветувањето дека ќе се стави крај на 20-годишното владеење на ДУИ, партијата што стана синоним за корупциски скандали со функционери на црната листа на САД, а некои и во бегство!. Гласачите веруваа во Арбен, а тој им возврати со политички циркус и скок во прегратките на истите оние што му оставија куршум пред врата!

Од „борба против ДУИ“ до „здраво, стари пријатели“ – и сето тоа со изговори што не би ги купил ни најнаивниот гласач.