Таравари и официјално веќе не е министер за здравство – Алијансата излезе од Владата
Собранието денеска ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, како и на заменик-министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство – Фљакрон Беџети, и за одбрана – Елфет Исмаили, сите од редовите на Алијанса за Албанците, пренесе 360 степени.
Формално без образложенија, функционерите не се појавија во Собранието
Ниту Таравари, ниту неговите двајца сопартијци беа присутни на денешната собраниска седница за да го искористат правото да ја образложат својата оставка. Како што појасни заменик-претседателката на парламентот, Весна Бендевска, токму поради нивното отсуство, оставките беа веднаш формално констатирани.
Алијанса за Албанците во опозиција
Оставките следуваат по одлуката на Алијанса за Албанците да ја напушти владината коалиција и да премине во опозиција. Одлуката била донесена едногласно во рамки на партијата, по што сите нејзини претставници во извршната власт ги напуштија функциите.
Муртезани прогнозира тренд на заминувања од Алијансата на Таравари
Со ова, Алијансата го заокружува својот формален излез од Владата, најавувајќи нова фаза на политичко делување од опозициските клупи.
Вицепремиерот кој е близок соработник на Таравари сепак останува во Владата!?