Според него тоа треба да ја закрепне локалната економија и туристичко-угостителскиот сектор.
– Во периодот кога во нашата општина има зголемен прилив на иселеници и се очекува и зголемен обем на работа во угостителските објекти. Предлогот е да се продолжи работното време за два часа, во деновите кога има манифестации или културно-забавни програми. Со измената предвидено е во деновите од викенд наместо до 1 часот по полноќ, кафетериите, рестораните и другите угостителски објекти да работат до 3 часот , односно наместо до полноќ да бидат отворени за гости до два часот, вели Таравари.