Арбен Таравари, лидер на коалицијата „Вреди“, изрази сомневање за оправданоста на лидерската средба што ја предлага претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Според Таравари, ваквата средба би била само губење време бидејќи, како што вели, институциите беспрекорно функционираат и решаваат проблемите.
„Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите работат беспрекорно. Ние сме заинтерсирани да се решат конкретните проблеми и да продолжиме со неуморна работа“, изјави Таравари.
Таравари истакна дека постојат институции кои активно работат на решавање на проблемите. Ова го вклучува и третманот на пациентите, како и идентификувањето на виновниците за трагичниот инцидент, кој е четврти во последните пет години.
Неопходност од сериозни системски промени по трагедијата во Кочани, вели Венко Филипче
Филипче, најави лидерска средба во Собранието на која ќе ги презентира своите планови за решавање на проблемите во државата. Таравари, сепак, нагласи дека во моментов не е потребна таква средба, бидејќи институциите веќе работат на проблемите.
На повикот на Филипче за лидерска средба, се огласија различни политички партии, вклучувајќи ја коалицијата „Вреди“, Движењето ЗНАМ, Левица и ДУИ.
Извор: 360 степени