На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и од Штип, веднаш по дипломирањето, ќе им биде понудено вработување во државните болници, информира денеска министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.

„Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти“, рече министерот.

На средбата стана збор и за мораториум за одредени специјализации, а предност да се даде на специјализациите за онкологија, радиологија, патологија, анестезиологија.