По објавата дека е избрана фирма која ќе ја прави новата компресорска станица, првиот човек на македонското здравство Арбен Таравари, на новинарско прашање одговори дека очекува целиот зафат да биде готов за четири месеци.
– Фирмата е сериозна компанија и професионална за оваа работа. Според нив за околу четири месеци, целиот зафат ќе биде завршен, рече министерот Таравари.
Околу постапката за потпишување на договорот и периодот на жалба тој посочи дека договорот е потпишан и се процесот се спроведувал по брза постапка.
– Не знам дали би се жалел некој што не се пријавил на три повици. И ако се жалат, мислам дека тоа не е добронамерно, рече Таравари.
Околу изборот на лице-менаџер кое би раководело по спојувањето на универзитетските клиники и можноста тоа да биде Игор Николов на новинарско прашање дали е добар избор и колку советници ќе има, министерот појасни дека тој не го споменал како избор и дека било рано за назначување на директор.
– Јас не го кажав, ме прашаа дали може да биде еден од кандидатите, но може да има и други кандидати. Ние сè уште сме во процес на реорганизација, тоа ни е поважно, отколку тоа кој ќе биде директор. Кога ќе дојде време за директор, тогаш ќе зборуваме за тоа, истакна Таравари.
По прозивките околу надлежноста за поправка на оградата и потпрониот ѕид, Таравари нагласи дека во тек процедура за утврдување на надлежноста, но искажа подготвеност да се санира и изгради нов