Според Таравари, владината коалиција имала договор прво да се донесе Законот за правична застапеност на сите заедници, меѓутоа не само етничка припадност, туку и за други категории.
– Уставниот суд, за жал, се судии кои што се избрани и иако судиите треба да бидат неутрални. Меѓутоа, мислам дека не ни требаат вакви тензични состојби во овој период.
Напротив, ние и така имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ пред да почне коалицијата дека треба да се договориме за Законот за правична застапеност на сите заедници и потоа „балансерот“.
Меѓутоа, некако се избрза.
Некој можеби сакаше да се зборува за ова и да се дефокусира од другите побитни теми, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања по потпишување на договорот за грант меѓу Јапонскат амбасадаа и УК за детски болести.
Продолжувам, посочи Таравари, на ставот дека „балансерот“ беше добра алатка, меѓутоа во последно време беше доста злоупотребена.
– Во албанските општини се пишуваа како Македонци, за да се вработат Албанци, а генерално во државната централна администрација повеќе Македонци се пишуваа како Роми, Турци, Албанци за да бидат примени на работа.
И тоа, веќе беше алатка што се злоупотребуваше на големо. Мораме да најдеме решение за да сите категории на луѓе бидат застапени во државната администрација, изјави Таравари.