-Горд сум, што можам да соопштам дека буџетските пари за светлосно украсување на градот по повод новогодишните празници јас и мојот тим планираме да ги подариме таму каде што е најпотребно, во Центарот за аутизам, што се гради во градот. Верувам дека секој ќе биде согласен оти ќе го избегнеме јавното украсување за Новата година, така ќе заштедиме енергија, но над се ќе придонесеме таму каде што има повеќе потреба, како што е Центарот за аутизам, напиша тој на својот фејсбук профил.