Се вакцинираше министерот Таравари

Министерот се вакцинираше против сезонски грип. Со својот пример сака да ги мотивира граѓаните да се заштитат, но и своите колеги лекари, меѓу кои има и антиваксери. Во ноември најави засилени мерки на ресорното министерство со цел да се подигне опфатот на имунизација кај децата.

Мобилни тимови за вакцинација

Здравствените работници во клиниките и болниците кои се држат на медицина базирана на докази и сакаат да се заштитат од сезонскиот грип тоа ќе можат да го сторат на работното место, Институтот за јавно здравје на терен ќе испрати мобилни тимови.

Досега се вакцинирани 10.000 граѓани

Од понеделник до сега од сезонски грип вакцинирани се 10.000 граѓани. Над 50 илјади аплицирале на вакцинација.мк. Годинава надлежните обезбедија 70 илјади бесплатни дози. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи населени – лица над 65 години, хронично болни, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.