На денешната прес-конференција министерот Таравари со најнови информации за пациентите. Во моментот во Скопје се лекуваат 46 пациенти, 26 се во Клинички центар, 3 пациенти се во Карил, на Пластична хирургија 6, Токсикологија 11, Пулмологија 2, Детска хирургија 2, Торакална хирургија 1 и Офталмологија 1 пациент.
Во Градска болница „8 Септември“ се 10 пациенти и во Градска општа болница сè уште 10 пациенти. Денеска се испишуваат 16 пациенти на домашно лекување, 30 остануваат на лекување во Скопје.
Се прават подготовки за прием на пациенти коишто се лекуваат надвор од државата, тоа се 115 пациенти. Оваа недела се очекува 8 пациенти кои ќе бидат пуштени од странство, да се примаат во Клиниките кај нас. Во моментов 4 пациенти се покритични.