Според него, во здравството до сега имало околу 2,500 договорци, генерално среден медицински кадар, медицински сестри, болничари и хигиеничари, за што рече, дека од посетите на болниците му било укажано дека има посебен недостаток.

– Како Влада треба да се усогласиме со Министерството со финансии да видиме дали има ресурси. Јас сум с идеја барем на половина од овие, односно на 1,250 да им дадеме решенија.

Директорите ќе кажат на кои, тие најдобро знаат кој вреди да продолжи и кој не е добро да продолжи, туку треба да најдеме подобар од него.

Ми треба дефинитивна координација со министерката за финансии, ќе направам се што можам барем на половина да им дадеме решение и да можеме повторно да примиме нови договорци и недостатокот да го покриеме, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања на прес конференцијата по повод 100 дена од новата Влада.

Проблемот со договорците, нагласи, не е проблем во една клинина или една болница туку генерално во сите јавни здравствени установи во државата.