Кандидатот за претседател од редовите на Вреди (ВЛЕН), Арбен Таравари заедно со лидерите на коалицијата одржаа митинг во Гостивар. Таравари во својот говор рече дека Гостивар ја победи ДУИ од 2016 година и дека и на овие избори победата на коалицијата ќе биде со уште поголема разлика.
Победите овде од Гостивар од 2016 година се редат една по друга, а нема дилема дека повторно ќе се извојува во Гостивар на 24 април, но не ја знам разликата. Се уште се сомневам дали ќе победиме во Гостивар со 5.000, 6.000 или 7.000 разлика против нашиот противник, изјави Таравари.
Според Таравари, доста се важни последните три дена од кампањата, а оваа трка е за него лично.
Во среда се гласа и се работи лично за мене. Знам дека секогаш ме поддржувавте, во секој политички натпревар и не се сомневам дека повторно ќе го дадеме својот максимум, да ја направиме најголемата разлика во Гостивар, рече Таравари додадавајќи дека обединетата албанска опозиција ќе ја донесе долгоочекуваната промена кај Албанците.