Првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во изјава за ТВ21 оставките на министрите и функционерите на ДУИ ги оцени како детска игра. Таравари вели дека АА ќе одлучува по консултации со партиските тела дали ќе остане во Владата откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.
„Всушност, овие постапки на ДУИ ми изгледаат многу несериозни, со оглед на сериозното време низ кое минува Република Северна Македонија, во еден многу, многу важен период. Овие игри во најмала рака ми изгледаат многу детски. АА е партија сама по себе и носи свои одлуки во партиските органи на АА, земајќи ги предвид сите околности, волјата на членството но и на албанските граѓани во Република Северна Македонија“, рече Таравари.