Градоначалникот Арбен Таравари на прес-конференција по средбата побара од ресорната министерка да го спроведува законот поеднакво, како и во други општини каде се толерира помал број на ученици во една паралелка.
-Револтот е оправдан, бидејќи според нашите информации и во други градови има ученици запишани со помал број поени, исто како што е случајот во Гостивар. Ако може да се прогледа низ прсти во други општини, може и во Гостивар, Министерката во директен разговор покажа ригидност и рече дека мора да важат законите, ако сме држава. Па, ако сме држава нека важат законите за сите. Не може во Гостивар да се испраќаат инспекции, да прават кривични пријави за мене и директорот на гимназијата, а за истите работи да се замижува, рече Таравари.
Наставниците од гостиварската гимназија кои трет ја бојкотираат наставата излегоа со оценка дека одлуката на Министерството за образование за кратење на паралелката, е бизарна и е мотивирана со етничка дискриминација.
-Нашиот став останува ист, бидејќи таквата одлука да важи само за нас, за гимназијата во Гостивар. Доколку биде потребно, правдата ќе ја бараме и надвор од институциите на државата, рече Аким Дико, помошник директор во гимназијата Гостивар и нагласи дека бојкотот ќе продолжи до исполнување на нивните барања.
Во гостиварската гимназија настава по турски јазик има од прва до четврта година има со 250 ученици и 28 професори и таа е во прекин од петокот.