Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари е злоупотребен во реклами за средства за брзо слабеење. Тој на фејсбук објави дека бил длабоко загрижен за ширењето лажна реклама во негово име за производ за слабеење, за којшто се тврди дека придонесува за губење на телесната тежина.
Ги повикувам луѓето да бидат исклучително внимателни кога наидуваат на вакви содржини, коишто во дадени околности дури може да предизвикаат и големи штети по нивната здравствена состојба. Мој приоритет отсекогаш бил грижа за здравјето и благосостојбата на граѓаните. Сите граѓани треба да имаат пристап до точни и веродостојни информации кога станува збор за нивното здравје и благосостојба. Ги повикувам институциите да преземат мерки против ваквите лажни реклами коишто не само што можат да ги доведат потрошувачите во заблуда, туку и да предизвикаат сериозни здравствени ризици“, напиша Таравари.