Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернашнл“ во емисијата „24 Анализа“ изјави дека доколку се има волја може да се реши случајот со онкологија.

Тасева додаде дека е добро е што е формирано такво тело и треба да се дознаат сите детали на таа афера.

Мислам дека тоа е добар чекор, ветија целосност на постапката, сеопфатност и транспарентност и дека јавноста ќе биде информирана за се. Многу бавно оди во ЈО и таму може врз основа на протоколите да се утврди се и да се документира. Не очекувам ништо од ЈО во делот на истрагата и сите бевме разочарани од утврдување на одговорноста во неколку случаи, модуларната болница, Ласкарци, пасошите. Тоа се случаи поврзани со висока корупција. Треба да се разговара за организираност и поврзаност. Треба да се расчисти кои обвинители и судии не постапувале согласно законите и несовесно или нестручно чувале на предмети во фиока, наместо да се тргнат, тие остануваат во судството и затоа дојдовме до оваа ситуација на тивка амнестија, вели Тасева.