Актерот Сашо Тасевски кој е активен на социјалните мрежи околу актуелните политички прашања се огласи на социјалните мрежи околу изјавата на Бујар Османи дека нема македонски дијалекти во Бугарија. Тасевски без влакна на јазикот бара оставка од Османи и децидно вели дека: Не сме албанофоби, само ни е преку глава од вашето националистичко и шовинистичко изживување.
Бујар да си дадеш оставка одма, македонофобу еден. Ти најде да збориш за албанофобија кај Македонците. Не сме ние албанофоби, само ни е преку глава да го гледаме вашето шовинистичко и националистичко изживување пропратено со постојани закани кон Македонците. Ако не ни дадете ова и ова, ќе ги облечеме пак чизмите од 2001., започнува Тасевски и додава дека му пречи „ортачењето на Османи со Бугарите“
Тасевски во два последнователни статуси пишува за Османи, а тие може да ги погледнете во продолжение.