„Стево да ти кажам сега нешто без пцовка: Ти може си им претседател на Бугарите, Албанците, Ромите, марсовците, ама не си им претседател на Македонците. Ти вчера се самоизбриша со гумичка“.

Ова го истакнува актерот Сашо Тасевски.

Еве што друго напиша тој:

„Стана измеќар на бугарскиот шовинизам. Стана џелат на македонскиот народ.

Не се ова празни фрази Стево.

Како можеш да изјавиш дека затоа што сме биле малку и сме имале плати од 500 евра мора да ја проголтаме секоја бугарска помија.

Се преслуша ли што кажа?

Кој ти го напиша говорот Стево?

Предавнички Стево, предавнички.

Срами се од себе, од семејството, од галичките прадедовци. Срами се од функцијата.

Убав човек, а расипана душа.

Може подобро за тебе ќе беше само да те опцујам.

Ми се гади од тебе, од Ковачевски од Маричиќ, од матицата Заев.

Како мајка да не ве родила.

Како да ве пркнале во бугарски инкубатор на некоја фарма за предавници“.