Меѓу нашинците кои ќе ја добијат привилегијата на брза лента да можат да влегуваат во земјава и бесплатно да посетуваат музеи има научници, лекари, бизнисмени, културни работници, политичари и инженери.
На листата се оперскиот пејач Благој Нацоски, кошаркарскиот тренер Заре Марковски, д-р Иво Бошковски од клиниката во Рим, д-р Димитар Ефремов научник од областа на хематологијата и ендрокринологот Горан Петровски од Катар. На листата се и бизнисменот Ристо Гуштеров и поранешниот министри за странски инвестиции во една од владите на Никола Груевски, Глигор Ташковиќ.