Фред Џон Хенсли е обвинет за напад откако го застрелал својот син со пиштол затоа што тој не сакал да престане да свири на гитара „повеќе од еден час“, пренесува FOX 19.

Полицијата во извештајот напишала дека 79-годишниот маж од Охајо е обвинет „врз основа на полициска истрага, вклучително и усна изјава на осомничениот“.

Рече дека син му „го нервирал“ бидејќи не престанал да свири гитара цел час.

Хенсли изјавил дека „само сакал да пука до него“ и така да го предупреди, но наместо тоа, го погодил синот директно во стомакот.

Таткото повикал брза помош, а додека ја чекале, синот ја искористил приликата и го нападнал таткото и го удирал со тупаница по главата и лицето.При претресот на куќата, полицијата пронашла пиштол, дотраена чаура и гитара со отвори од куршуми.