-Ја држел во раце. Девојчето не се сеќава на ништо освен дека татко и силно ја стегнал, рекол Војан.

11-годишното девојче е единствениот патник кој ја преживеал несреќата.

-Неговата сопруга сака сите да знаат каква личност беше Мајк и дека го даде животот за својата ќерка, рече Војан.

Инаку парот има четири деца.

Девојчето, кое се уште е хоспитализирано, се здобило со неколку скршеници и два пати било оперирано, но ниту една од повредите не била опасна по живот.

Двајцата загинати Кејт Лис и Адам Кендал ги носеле своите кучиња на ветеринар, а четвртата жртва е пилот на авионот.

Федералната управа за авијација (FAA) соопшти дека авионот „BN2P Britton-Norman“ се урнал во саботата околу 14:30 часот. Причината за несреќата се уште се истражува, пишува „Index.hr“.