На ден 5.2.2026 година на 96 годишна возраст почина Д-р Коста Балабанов. Посмртните останки ќе бидат изложени на 7.2.2026 година-сабота од 14,30-15,30 часот во капелата на градските гробишта Бутел.

Д-р Коста Л. Балабанов (1929-2026) е една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност и во заштитата на културното наследство. Како историчар на уметност, конзерватор, научник, дипломат, професор и културен деец, тој остави длабока трага во проучувањето, зачувувањето и меѓународната афирмација на македонската средновековна уметност. Познат е и како хуманист, љубител на природата и пасиониран акварист, кој и во подоцнежните години активно го следи културниот живот и ги поддржува младите стручњаци.

Студиите по историја на уметност ги започнува во 1950 година на Универзитетот во Скопје, под менторство на проф. Димче Коцо. Од 1952 година се вработува во Централниот завод за заштита на културните споменици, каде најпрво работи како препаратор, а потоа како конзерватор – историчар на уметност. Од 1953 година започнува обемна теренска работа на евиденција на цркви и икони, при што во текот на две децении посетува над 1.300 населени места, евидентира околу 1.500 цркви и проучува повеќе од 30.000 икони — подвиг од клучно значење за систематското познавање на македонското иконописно наследство.

Учествува во конзервацијата на значајни сакрални објекти, како Св. Софија во Охрид, манастирот во Матејче, Марковиот и Лесновскиот манастир, често во соработка со архитектот Борис Чипан. Уште како млад истражувач објавува стручни текстови, а во 1955 ја издава првата монографија. Во текот на кариерата објавува над 400 научни и стручни трудови и 24 книги, претежно за фрескосликарството и иконописот во Македонија. Особено значајни се неговите истражувања на ранохристијанските теракотни икони од Виница, кои ги претставува на бројни меѓународни изложби.

Балабанов има значајна улога во меѓународната афирмација на македонската уметност: бил комесар на изложби во Лувр, во Токио и Кјото, како и учесник во големи европски проекти. Во 1989 година македонските икони, заедно со виничките теракоти, ги презентира во Ватикан. Предавал на универзитети и музеи во Европа и светот, а бил и визитинг професор на Мертон колеџот во Оксфорд.

Од 1994 година е именуван за почесен генерален конзул на Јапонија во Македонија и за директор на Јапонскиот информативен центар во Скопје 1994-2009-Ја извршува функцијата на почесен генерален конзул на Јапонија во Република Македонија Во текот на 15 годишниот мандат како почесен генерален конзул на Јапонија, Балабанов раководи со бројни проекти преку кои јапонската влада има вложено во различни грантови за инвестициони проекти во Република Македонија повеќе десетици милиони долари. Најзначајни се секако донациите на медицинска опрема за болниците во Штип; Градската болница во Скопје; Градската болницата во Битола, Клиника за пулмологија во Скопје; 50тина возила за брза помош во речиси сите болнички центри во државата; мноштво проекти во образованието; големи грантови во машини за земјоделието; и секао еден од најзначајните –изградбата на хидросистемот Злетовица со која е обезбедена вода за 6 населени места (Штип, Пробиштип, Карбинци, Лозово ,Свети Николе, Злетово) во источниот регион на Македонија. За својата научна и друга општествена дејност, Балабанов се здобил со повеќе награди, одликувања, спомен-плаќети, благодарници, меѓу кои: награда “8 Ноември“ на градот Штип (1972); Медал и Диплома за извонреден придонес во заштита на културното наследство, на Сојузот на здруженијата на конзерватори на Југославија(1975); Орден за труд со златен венец на СФРЈ (1978) ; Медал од Vatikan-понтификатот Павле II (1985) 1978-Орден за труд со златен венец на СФРЈ и Диплома за значаен придонес во заштитата на културното наследство од Сојуз на здруженија на конзерватори на Југославија(1986); Повелба на културата од Собранието на Републичката заедница на културата ( 1987). Добитник е на десетици благодарници и плакети од различни општествени организации и градски општини. 2018-Плакета од Општина Виница-за откривање и афирмација на теракотните икони и Благодарница од Сојуз на борците на НОБ на Македонија (2005).

Во 1995 година, Министерството за надворешни работи на Јапонија го прогласува за истакната личност која придонесува за соработката на Јапонија со странство. 2001- Сребрен пехар со Златен амблем од Министерството за надворешни работи на Јапонија Во 2001 год. во Токио, Министерот за надворешни работи на Јапонија му доделува Сребрен пехар со Златен амблем на Министерството за посебни заслуги околу продлабочувањето на пријателството и соработката помеѓу Јапонија и Република Македонија.

Во 2008 година е добитник на орденот на изгрејсонцето со златни зраци и долга лента- високо одликување од јапонскиот император Н.В.Акихито.

Во 2001 година, Јапонската Фондација, од 167 номинирани од целиот свет, му доделува на Балабанов “Специјална награда“ како прв од двајцата добитници, за што е примен во царската палата од јапонскиот император Акихито.Оваа специјална награда почнувајки од 1974 година е доделена само на 10 добитници од Европа. Во Македонија , председателот Борис Трајковски добивањето на оваа значајна награда на Балабанов, ја оценува како посебна афирмација на Македонија во светот. https://en.wikipedia.org/wiki/Japan_Foundation_Awards Во 2009година, добитник е на државната награда Св.Климент Охридски во Република Македонија.

Во институционалната работа бил заменик-директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците и генерален директор на Музеите на Македонија, каде придонесува за современи музејски поставки и галерии на икони.

Добитник е на многу домашни и меѓународни награди, меѓу кои и државната награда „Св. Климент Охридски“. Неговото дело претставува трајна научна и културна вредност и темел за разбирање на македонската средновековна уметност и културна историја.

Извор: Курир