По кратко и тешко боледување, денеска почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција.

Со неискажлива тага ја известуваме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ. Тој беше основач и креативен директор на Гранд продукција, стои во денешното соопштение пратено до медиумите.

Александар Саша Поповиќ, роден на 24 април 1954 година во Нови Сад. Беше еден од највлијателните и најпочитуваните професионалци во музичката и телевизиска индустрија.

Неговото децениско работење остави неизбришлив траг во музичката сцена, каде што како визионер откри и поддржа бројни таленти. Со својата посветеност, Поповиќ го обликуваше звукот и духот на една ера, создавајќи исклучителни музички и телевизиски проекти.

Саша Поповиќ ќе остане запаметен како лидер кој ги промени правилата на играта во индустријата и за многумина беше инспирација и ментор.

Извор: Република