На 77-годишна возраст денес почина Јанко Луковски, поранешен македонски кошаркар и тренер.
Работеше во двата најголеми македонски клуба МЗТ Скопје и Работнички, како и во Борец од Велес.
Во средината на 80-те години од минатиот век Луковски беше дел од стручниот штаб на младите категории на југословенските репрезентации.
Последните дваесетина години Јанко Луковски работеше во сопствената кошаркарска школа во Нови Сад, Србија.