Роденденска порака до Артан Груби во услови на бегство и потерница
Зира Груби, мајката на поранешниот вицепремиер Артан Груби, денеска преку јавна објава на Фејсбук му упати роденденска порака на својот син, кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница. Во пораката, таа го нарекува неговото отсуство позабележително од присуството на сите други и тврди дека за неговите дела сѐ уште се зборува со гордост.
„Денес, кога твоето отсуство е позабележително од присуството на сите други заедно, кога за твоите дела се зборува затоа што ги прават сите горди и ги потсетуваат на годините кога Албанците се чувствуваа претставени и господари во својата земја, кога гледаа како се управувани и како се исполнува дадениот збор, и кога некои кои не успеаја да го направат она што тебе ти успеа, па сакаат да уништат и елиминираат сè што е постигнато…“, напиша таа.
Зира Груби ја нарекува ситуацијата политичка одмазда и прогон
Во продолжение на својата роденденска порака до Артан Груби, мајка му изразува целосна поддршка, посочувајќи дека станува збор за политичка одмазда, која ја споредува со репресиите од комунистичките времиња.
„Јас, твојата мајка, погорда од кога било, ти посакувам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АРТАНЕ и се молам да имаш здравје и среќа, и оваа политичка одмазда и прогон, како во времето на комунизмот, да ја доживее судбината на тој прогонувачки систем и дека вистината ќе победи по Божја волја!“, напиша таа.
Емотивна завршница: „Учи од сè и стани човекот што можеш да бидеш“
Објавата завршува со лична и емотивна порака во која таа му порачува да не ја заборави љубовта од најблиските, да учи од животните искуства и да остане верен на себе.
„Никогаш не заборавај дека те сакаме. Животот е полн со тешки и убави времиња. Учи од сè што можеш и стани човекот што знам дека можеш да бидеш“, заклучува Зира Груби во пораката до својот син.