Дипломатите се повикаа на писмото испратено од СЗО до нејзините 194 членки и ги информираа за доверливите номинации содржани во запечатените пликови доставени кон крајот на септември.

Британските медиуми наведуваат дека членките на ЕУ и три африкански земји се меѓу 28-те земји што го номинираа за старо-новата функција.

Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, запрашана на брифинг во Женева за номинациите, претходно кажа дека Агенцијата на ОН ќе издаде соопштение подоцна во текот на денот.