Израел изврши втор бран напади врз Иран

Иран попладнево најави уште посилен одговор врз Израел и американските бази на Блискиот Исток.

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Ебрахим Џабари, изјави дека наскоро ќе следи употреба на невидено оружје, објави иранската државна телевизија.

Три извори изјавија дека во израелските напади загинале иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и главниот командант на Револуционерната гарда, Мохамед Пакпур.

Првиот бран напади во операццијата што Пентагон ја нарече „Епски бес“ беше насочен главно кон иранските функционери, изјави извор запознаен со ситуацијата.

Во меѓувреме, вториот напад попладнево беше насочен кон ракетни лансери во Иран.

Израел и САД го почнаа нападот два дена откако индиректните разговори посредувани од Оман во Женева не донесоа напредок, односно, Иран одби да се откаже од нуклеарната програма.

Иранските државни медиуми објавија снимки на кои наводно се гледа траекторијата на ракетите испукани кон американската база. Видеата ги прикажуваат трагите на ракетите на небото додека се движат кон нивната цел.