Нови спортски содржини во општина Ѓорче Петров беа промовирани денеска, на јавен простор наменет за спорт и рекреација поставени се две текбол маси.

-Со ова, создаваме современо место каде младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе градат здрави навики. Инвестицијата е реализирана во партнерство со Sports Social Solutions и Текбол федерацијата, во рамки на европскиот проект Youth Balkan Placemaking, со поддршка од Европската Унија, истакнува градоначалникот Александар Стојкоски.

Додава дека како општина продолжуваат да вложуваат во младите и во модерни јавни простори што ја поттикнуваат спортската култура и активниот живот.