Барањето доаѓа со зголемувањето на температурите, а со цел електромрежите да останат стабилни бидејќи имаат проблем да генерираат доволно елекрична енергија.
Молбата на електродистрибуција ги потсети жителите на Тексас на зимата, кога 4,8 милиони жители на оваа американска држава останаа без електрична енергија поради снежна бура, потсетува Гардијан.
Медиумите известуваат дека до крајот на седмицата можни се рестрикции во Тексас.
– Очигледно се движиме кон климатски промени кои ќе донесат повеќе екстремни суши и посилни урагани, кои вршат притисок врз електромрежата. Неделава видовме дека електромрежата во Тексас е едвај подготвена за времето кое е топло за јуни, но веројатно ќе биде уште пожешко во јули и август, изјави Ден Коан, електроинженер и професор на универзитетот Рајс