Телата на пет скијачи беа пронајдени во близина на скијачкиот центар Цермат во Швајцарија, соопшти полицијата од кантон Вале. Тие биле откриени на глечерот Адлер и моментално се во фаза на идентификација.
Полицијата била алармирана од двајца туристи кои забележале напуштени скии на надморска височина од 4.000 метри. По нивната пријава, регионалните власти го надлетувале областа со хеликоптер и ги пронашле телата на скијачите.
Сè уште не се познати деталите за околностите под кои се случила несреќата, ниту националноста, полот или возраста на жртвите. Властите започнаа истрага за несреќата и ја испитуваат временската состојба и можната активност на лавини во регионот.
Се очекуваат дополнителни информации по завршување на истражните активности.
Извор: Нова Македонија