Во Општата болница во Кочани пристигнаа околу триесетина возила од погребни претпријатија и од Армијата на Република Македонија. Тие треба да ги транспортираат телата на загинатите во пожарот на обдукција во Скопје, јавува дописникот на МИА од Кочани.

Кочани во молк и тага по трагедијата: 59 загинати, 152 повредени, насобран народ пред болниците – ужаснo сведоштво од чуварот на соседниот објект!

Меѓутоа, оваа одлука предизвика револт кај роднините и блиските на починатите. Тие спонтано го блокираа влезот во болницата, изразувајќи незадоволство и несогласување со префрлањето на телата во главниот град.

Засега, официјалните институции не дадоа дополнителни информации во врска со протестот на семејствата, ниту дали одлуката за транспортот може да биде изменета. Очекувањата се дека обдукцијата ќе помогне во расветлување на причините за трагедијата.

Извор: Курир