Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска телефонски разговарал со шефот на дипломатијата на Украина Дмитро Кулеба.

Османи го информирал Кулеба за одлуката Северна Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за Украина во борбата за правда, слобода и споделените демократски вредности. Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата, нагласил Османи, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Османи ја реафирмирал, како што се наведеува, нашата цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа упатувајќи силна осуда за руската воена инвазија. Истакнал дека Северна Македонија има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија, нагласувајќи ја и поддршката за украинскиот народ во справување со предизвиците од руската агресија.

Османи у Кулеба тазговарале и за активностите во рамки на претседавањето на Северна Македонија ОБСЕ, како и за актуелните безбедносни состојби во Украина и европскиот континент.