Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски утрово остварил телефонски разговор со победникот на изборите во Бугарија, Бојко Борисов којшто е веројатно повторно да стане премиер на источниот сосед. Мицкоски му честитал на Борисов и, како што пишува премиерот, очекува дека со стабилна влада од десниот центар во Бугарија ќе се отвори македонскиот пат кон ЕУ.

Премиерот Мицкоски за средбата информираше преку Фејсбук статус.

Денес остварив искрен и пријателски телефонски разговор со господинот Бојко Борисов, на кој со задоволство му ја честитав победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија. Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна Влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија. Верувам дека само со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји. Очекувам дека македонско-бугарските односи ќе продолжат да се развиваат во позитивен и продуктивен правец, водени од почит и разбирање, за доброто на сите нас, напиша премиерот Мицкоски.