Премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Неговата Екселенција Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.
„Изразив поддршка за државата и разбирање за сложеноста на ситуацијата на Блискиот Исток“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Тој додаде дека во разговорот размениле мислења и за актуелните регионални и глобални предизвици, нагласувајќи ја „важноста од стабилноста, мирот и соработката“.
„Заеднички ја истакнавме заложбата за натамошно зајакнување на пријателските односи и отворање нови можности за соработка во интерес на нашите граѓани и економии“, посочи Мицкоски.
Телефонскиот разговор дојде во период на зголемена геополитичка напнатост на Блискиот Исток, а двајцата лидери потврдија дека ќе продолжат да ја унапредуваат билатералната соработка помеѓу Македонија и Катар.
