Безживотното тело на македонски државјанин било пронајдено минатата недела на гробишта во Бремен, Германија а бидејќи по телото имало убодни рани, било утврдено дека несреќниот маж бил жртва на убиство.
Според информациите на „БИЛД“, усмртен е И. Д. (41), кој и бил од претходно познат на полицијата, бидејќи ја демнел својата поранешна партнерка со која има и малолетно дете.
Посетителите на гробиштата го пронашле неговото тело во локва крв меѓу гробовите и веднаш повикале полиција. Според очевидците, мажот бил облечен во сиви панталони, впечатлива црвена јакна и црни влечки.