Мртов маж бил пронајден во автомобил, кој се наоѓал во каналот покрај патот Будровци-Ѓурѓанци. Како што јавуваат хрватските медиуми телото е пронајдено утрово, по повик од граѓани.

-Утрово во 6 часот и 15 минути добивме пријава дека во каналот меѓу Будровац и Ѓурѓанаци има возило. Кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот пронашле возило во кое имало мртов маж. На местото на настанот ќе следи увид. Државниот пат е затворен за сообраќај, се наведува во соопштението на ПУ Осиек-Барања, а по спроведената истрага издадоа ново соопштение.

– Во истрагата спроведена од полициски службеници на Полициската управа Осиек-Барања, во соработка со заменик жупанискиот државен обвинител во Осиек и полицискиот службеник за антиексплозивна заштита на Регионалната антиексплозивна единица Осиек, утврдено е дека непознат експлозивен уред бил активиран во возилото. Телото на починатиот е пренесено на обдукција. Продолжува натамошната кривична истрага за да се утврдат сите околности на споменатиот настан, за што по завршување навремено ќе ја информираме јавноста, објави полицијата.